недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 10
home Општини

ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола: Во 2019 година со нови сили против оваа ненародна и криминална власт

ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола: Во 2019 година со нови сили против оваа ненародна и криминална власт

-За жал, со целосна парализа како Општина и јавни претпријатија се соочивме во изминатата 2018. Граѓаните го доживеаја најголемо разочарување до сега од најнеспособната локална, но и централна власт. За развој на градот, нови странски инвестиции, отворањето на нови работни места, капитални инвестиции, Битола ќе мора да почека подобри времиња. Учениците останаа без законски загарантираниот превоз, трошоците паднаа врз грбот на родителите, а Општината не задолжува со кредит од 1,3 мил. евра, згора на тоа „Комуналец“ се задолжи со 20 мил. денари. Петровска можевме да ја видиме само по најскапо организираните јубилеи, како што беше прославата на „Водовод“ во висина од над 15.000 евра. Општина Битола во 2019 година ќе го има рекордно највисокиот буџет од 29,3 милиони евра од кој само минимални 26% се предвидени за капитални инвестиции. Имаме кратење на на програмата за спорт, трансферите до здруженијата на граѓани, социјалната парична помош, реконструкција на улици од 47 мил. ден. на 45 мил.ден., изградба на улици од 43 мил.ден. на 23 мил.ден. Сите овие кратења и тоа како ќе влијаат врз развојот на локалната економија, функционирањето на јавните претпријатија, но и врз квалитетот на давањето на услугите кон граѓаните од страна на локалната самоуправа. Непотизам има по сите јавни институции кои ќе го платат битолчани со повисоките цени за комунални услуги. И, сето ова, изгледа минорно во однос на проблемот со загадувањето на Битола и последиците врз здравјето на граѓаните. До сега не е реализирана ниту една краткорочна мерка, проектот „Топлификација“ е стопиран, а за реализација на клучниот проект на Петровска – гасификацијата до сега се потрошени нула денари. Довчерашните борци за здрава животна средина во 2019 планираат да го исчистат воздухот со само 50.000 евра. Ова е доказ дека власта на перфиден и суров начин ја злоупотреби довербата на граѓаните. Петровска на последната седница на Советот од говорницата ни соопшти дека веќе реагирала до СВР Битола затоа што со неколкуте јавни настани организирани од ОК ВМРО-ДПМНЕ била повредена нејзината политичка суета иако тоа е легитимно делување на опозицијата. Лошите економски предвидувања за 2019 година набрзо граѓаните ќе увидат дека се реални. Во 2019 година ќе продолжиме да бидеме остри критичари на власта, но паралелно ќе предлагаме и решенија за проблемите на градот иако сме свесни дека со ваква нетранспарентност на Советот и на Петровска соработката ќе биде отежната. Пред нас во новата 2019 година се претседателските избори кога власта за првпат ќе го почувствува акумулираниот револт на граѓаните од нереализираните ветувања. ВМРО-ДПМНЕ забрзано работи на својата понуда со која ќе ја побара поддршката од граѓаните. Покрај сите притисоци и закани од власта ние нема да се откажеме и активно ќе работиме на рушење на оваа ненародна власт со цел заштита на националните и државните интереси и обезбедување сигурна иднина за граѓаните на Битола и Р. Македонија. Враќање назад нема, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.