понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 35
home Општини

ОК ВМРО-ДПМНЕ-Битола: Со мерката зелена нафта на земјоделците им се нуди навредлива пресметка од 750 денари по хектар

ОК ВМРО-ДПМНЕ-Битола: Со мерката зелена нафта на земјоделците им се нуди навредлива пресметка од 750 денари по хектар

Владата на Зоран Заев си поигрува со македонските земјоделци, и повторно со своите постапки ги потценува и понижува, реагираат денеска од ОК ВМРО-ДПМНЕ-Битола.

-Имено со последното задолжување кое го направи оваа влада земјоделците за момент добија надеж дека конечно ќе се најде решение за нивниот проблем и ќе ги добијат неисплатените субвенции кои повеќе од 18 месеци владата на Зоран Заев ги должи на нашиот земјоделец а тој и неговата таканаречена влада заедно со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски само знаат да се сликаат и рекламираат по телевизии и социјални мрежи но неуспешно се трудат да го оттргнат вниманието на граѓаните со мерката зелена нафта која е крајно популистичка и со која на земјоделците им се нуди смешна дури и навредлива пресметка од 750 денари гориво за површина од 1 хектар.

-Од секојденвните средби со земјоделците можеме да видиме дека состојбата во Пелагонискиот регион е застрашувачка, на повеќе од 2000 земјоделци од овој регион не им се исплатени субвенции за кг земјоделски производ во преработувачки капацитети. Исто така и за предадено млеко до ден денес не е исплатен ниту еден денар од ветените средства кои им следуваат.

-Со овој несериозен и игнорански однос, власта ги доведува земјоделците до работ на егистенција. Земјоделците треба да имаат достоинствен живот и непрекинато производство, а не да се наоѓаат на работ на егзистенцијата.
Некој треба да понесе одговорност за ваквата состојба, велат на прес-конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ-Битола.