недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Општини

ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола: Наташа Петровска со нула реализација за гасификација на Битола

ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола: Наташа Петровска со нула реализација за гасификација на Битола

Денес повторно ни го промовираа проектот гасификација, а Наташа Петровска треба да одговори дали му кажа на нејзиниот партиски шеф дека во Битола до сега се потрошени нула денари за таа намена односно ништо не е направено! Дали сами се лажете, се лажете меѓусебно или до толку сте изгубени па заедно, не знаете што правите. Навистина, граѓаните се прашуваат што е поужасно, тоа што до гуша Зоран Заев и сите негови најблиски соработници се заглавени во “Рекет”, тоа што државава ја обезимија и ја направија “пачавра” во поглед на закон, право и правда, тоа што на најбезобразен можен начин директно го инсталираа криминалот и корупцијата, а постојано вербализираа друго?, стои во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола од каде додаваат:

„Или пак, тоа што во неколку недели, во хаосот во кој што е потонат со Рекет, откако првиот пат промовираше настрешница во Пазарот, денес дојде да зборува, повторно бесрамно, за гасификацијата во Битола, која за жал остана далеку од реалната реализација, секако благодарение на “способноста” на оваа Влада и особено на неспособната и збунета градоначалничка Наташа Петровска и оваа локална самоуправа. Граѓаните мора да знаат дека сите преземени конкретни чекори во однос на гасификацијата на Битола досега резултираат со нула реализација, а светлото на денот не го виде ни новото јавно претпријатие за гасификација што го најавуваа. Повторуваме, НУЛА реализација, не е направен ниту еден чекор, а денешните партиски “теревенки” од највисок ранг, само го потврдуваат нивниот огромен колективен хаос во кој се втурнати со Рекет, нивната паника од моментот кој е се поблиску кога сепак ќе одговараат за сите злодела и лаги пред граѓаните, за сиот криминал и корупција пред институциите и правдата! После ТАТ, СДСМ и нејзините сателити, неколку години немаа пристап во Битола и не смееја да им излезат пред очи на битолчани, а после Рекет мала ќе им биде Македонија, а со Битола за долго отсега работата им ја заврши изгубената Наташа Петровска.“