среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 175
home Општини

ОК ВМРО-ДПМНЕ – Битола: Институциите на системот работат транспарентно кога овозможуват засегнатите страни и јавноста да има навремен пристап до информациите кои ги креираат!

ОК ВМРО-ДПМНЕ – Битола: Институциите на системот работат транспарентно кога овозможуват засегнатите страни и јавноста да има навремен пристап до информациите кои ги креираат!

Институциите на системот работат транспарентно кога овозможуват засегнатите страни и пред се јавноста да има навремен пристап до информациите кои ги креираат овие институции, реагираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ – Битола на прес-конференцијата на СДСМ за транспарентноста на општина Битола..

Какво однесување една институција како општината ќе продуцира во јавноста, во голема мера зависи и дали на време ги завршила обврските кон граѓаните.

А дури потоа и колку ќе им го подобри животот на битолчани во конкретниов случај.

Тука забележуваме дали создале транспарентно услови за нови странски инвестиции за задржување на нашето младо и работоспособно население.

Уште со доаѓање на власт ја изгубивте довербата на битолчани. Јасни се вашите намери.

Може да се пофалите со вашата НЕтранспарентност, пристрасност кон поединци за што говорат и посочуваат многу факти.

Свежо ни е сеќавањето од вчерашните полавени улици, неисчистени шахти и лоша инфраструктура.

Сето тоа не потсети на сеуште неисплатените штети од поплавите од јули минатата година.

Важно општинската комисијата за штети во состав:

Александар Цуцуловски, Митре Стојановски, Стефче Митревски, Елизабета Колевска и Марјан Јовановски ги доби своите паушали.

Да не зборуваме за конкурсот за велосипеди, итн.

Срамно и жално е да се лажат битолчани.

ТРАНСПАРЕНТНОСТ … тоа е ваша лоша страна, се вели во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Битола.