недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Охридското езеро во критична состојба

Охридското езеро во критична состојба

Уште е критична состојбата со Охридското езеро. Нивото кое продолжува да опаѓа покрај тоа што го загрозува рибниот фонд и растителниот свет предизвикува проблеми и во пловниот сообраќај. Отежнато е пристапувањето  на бродовите во внатрешноста на пристаништата во Охрид и Св. Наум, а кај каналот Студенчишта пак ситуацијата е екстремна освен помали чамци можност за влегување на поголем брод нема, објавува Сител.

Ваквата состојба уште еднаш ја наметна потребата од изградба на марина во главниот туристички центар, но како што велат од Капетанија на пристаништата секако на локација согласно препораките на Унеско.

Добрите познавачи како едни од причините за ваквата состојба со езерото ги посочуваат неповолниот хидролошки тренд, климатските промени и човечката негрижа. Тие сметаат дека приоритет мора да биде грижата за водните ресурси.

Коронавирус