петок, 30. јули 2021. Вести денес: 0
home Општини

Охридскиот аеродром се реотвара утре со летови до Цирих и Милано

Охридскиот аеродром се реотвара утре со летови до Цирих и Милано

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утре повторно ќе биде отворен. За попладнето најавени се првите полетувања и слетувања за и од Цирих и Милано.

Првите чартер летови на охридскиот аеродром ќе се реализираат на 5 јули и тоа од и до Варшава, а на 25 јули од и до Амстердам.

Информации за останатите летови може да се најдат на веб страницата на охридскиот аеродром.

Коронавирус