среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 83
home Општини

Охрид остана без компјутерски томограф

Охрид остана без компјутерски томограф

Не работи компјутерскиот томограф во охридската болница , пациентите се препраќаат во Струга. Поради преоптовареност од енормно зголемениот број снимања прегорен е резервниот дел. Директорот на болницата Балевски вели дека за 10 месеци направени се 17.000 снимања, колку за период од две години. Покрај од Охрид извесен период тука доаѓале и пациенти од целиот регион.

Станува збор за релативно скап дел, чија вредност е некаде над 100 илјади евра. Било известено Министерство за здравство од каде било ветено дека проблемот ќе биде решен.

Инаку ова не е прв пат да не работи комјутерскиот томограф и пред две години не функционираше неколку месеци поради дефект на ренген цевката. И додека се реши проблемот, од општата болница најавија дека пациентите од Охрид, кои имаат потреба од компјутерска рендген дијагностика, се упатуваат во болницата во Струга.

Коронавирус