петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Одбележување на Светскиот ден на пчелите во Кочани

Одбележување на Светскиот ден на пчелите во Кочани

Традиционален словенечки пчеларник, донација од Амбасадата на Република Словенија, ќе биде денеска свечено поставен во Земјоделскиот институт-Одделение за ориз во Кочани.

Настанот под мотото „Пчелите се таму каде што е и пријателството“, како што информираат од амбасадата на Словенија, е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на пчелите, во соработка со Земјоделскиот институт, општина Кочани и здружението Јадрена група на пчелари од Брегалничкиот регион „Меден Исток“ од Кочани.

Официјално обраќање, како што е најавено, ќе имаат словенечкиот амбасадор Милан Предан, градоначалникот на Кочани Николче Илијев, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, претседателот на пчеларската асоцијација на Словенија Боштјан Ноч, претседателот на „Меден Исток“ Ванчо Кировски и директорот на Земјоделскиот институт – Скопје Виктор Ѓамовски.

МИА

Коронавирус