вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 12
home Општини

Од вечер прекин во водоснабдувањето во Гостивар

Од вечер прекин во водоснабдувањето во Гостивар

Прекин на водоснабдувањето од вечер во 23 часот до изутрина до седум часот ќе имаат корисниците во Гостивар кои се приклучени на водоводната мрежа, најавија од локалната самоуправа.

Причината за повеќечасовниот прекин како што наведоа во соопштението е дел од активностите на проект за подобрување на снабдувањето со вода за пиење.

– Прекинот е поради испитување на втората алтернативна главна линија кон главниот извор и полнење на новиот базен во село Вруток. Ова е дел подготовките за започнување на работите во рамките на проектот СЕЦО 2 за подобрување на водоснабдителниот систем, се наведува во соопштението на општина Гостивар.

Од локалната самоуправа и ЈП „Комуналец“ побараа разбирање од граѓаните и препорачаа пред прекинот на водоснабдувањето тие да си обезбедат вода и да ги планираат обврските.

МИА

Коронавирус