понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Од утре може да се пријават штетите од невремето во Охрид

Од утре може да се пријават штетите од невремето во Охрид

Јавните претпријатија денес продолжуваат со чистењето на Охрид по вчерашното невреме кое го зафати градот.

Како што беше констатирано на синоќешното заседание на кризниот штаб, од утре (понеделник) правните и физичките лица кои имаат оштетување од невремето ќе може да поднесат барање за обештетување.

Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди по пријава ќе излезе на терен

Од Кризниот штаб апелираа да се тргнат автомобилите и да се регулира сообраќајот во стариот дел на Охрид за да може механизацијата непречено да работи на расчистување.

Инаку како што вчера беше соопштено силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час, предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид.

Нивото на Охридското Езеро е на  693,78 метри  и тоа е 3 сантиметри  над дозволената кота од 693,75 метри. Силниот ветер од над 90 километри на час, предизвика бранови во висина од 120 сантиметри. Кризниот штаб бил во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда.

-Екипите на јавните претпријатија  цел ден беа на терен  и расчисуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци.Најголеми оштетувања има на крајбрежните објекти на потегот од Канео до градскиот плоштад, се вели во вчерашното соопштение по заседанието на Кризниот штаб.

Коронавирус