недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 50
home Општини

Од први јануари 2019: Се зголемува цената на водата за пиење во Делчево

Од први јануари 2019: Се зголемува цената на водата за пиење во Делчево

Од 1 јануари 2019 година, водата за пиење во Делчево ќе биде поскапа за три денари.

Цената на водата се зголемува согласно пресметките на регулаторната комисија за енергетика, а по претходно изготвениот бизнис план за прилагодување на тарифниот модел на претпријатието за периодот 2019-2021 година.

Одлуката за поскапување на водата пред делчевските советници ја образложи директорот на ЈПКД „Брегалница“ Стојче Стојковски.

-Иако од страна на регулаторната комисија беше утврдена цена која предвидуваше зголемувањето во делот на водоснабдувањето да изнесува 5,6 денари по метар кубен, по прифатената забелешка од страна на градоначалникот Горан Трајковски, РКЕ прифати цената на водата да биде зголемена за не повеќе од три денари. Одлуката затоа денес се најде пред советниците, а до колку Советот не ја донесе одлуката за зголемување на цената на водата, согласно законот тоа ќе го стори регулаторната комисија за енергетика со што во тој случај водата би била зголемена за шест денари, истакна Стојковски.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека јавното комунално претпријатие од Делчево подолго време работи со загуба и додаваат дека при определувањето на цените РКЕ е обврзана со закон трошокот за вода да не изнесува повеќе од три отсто од вкупните трошоци што ги има едно домаќинство.

Освен цената на водата која од сегашните 26 денари се зголемува на 29 денари по метар кубен, за 2,8 денари ќе се зголеми и цената на отпадните води кои од сегашната цена од осум денари се покачува на 10,8 денари. Со новата цена која што информираа од претпријатието сметките за потрошена количина на кубни метри вода во едно домаќинство во просек ќе бидат повисоки за околу 50 денари.

Последното зголемување на цената на водата во Делчево се случило во декември 2009 година.

Коронавирус