петок, 26. април 2019. Вести денес: 66
home Општини

Од понеделник и официјално „пајакот“ во функција

Од понеделник и официјално „пајакот“ во функција

Се известуваат жителите на Општина Кавадарци дека од понеделник 25.03.2019 година се пушта во функција “пајак“ возилото на ЈП Паркинг- Кавадарци.

Ќе се интервенира на хаварисаните возила и ќе се врши транспорт до депото на Северен булевар. Исто така ќе се интервенира и на непрописно паркираните возила и возила паркирани во зелени површини.

Се апелира до граѓаните прописно да ги паркираат своите возила на веќе обележаните паркинг места. Оваа одлука важи се до започнувањето со работа на ЈП Паркинг – Кавадарци. За непрописно паркинатите возила ќе следуваат и казни од надлежните служби – стои во известувањето од кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.