среда, 28. септември 2022. Вести денес: 129
home Општини

Обилни врнежи од дожд во Кичево, поплавени 50 куќи

Од ЦУК додаваат дека жена и дете биле евакуирани во текот на вечерта, и дека за настаната ситуација се информирани надлежните органи.
Обилни врнежи од дожд во Кичево, поплавени 50 куќи

Од Центарот за управување со кризи денес информираа дека како резултат на обилните дождови, во Кичево реката Темница се излеа од коритотo.

Како резултат на излевањето на реката, поплавени се околу 50 куќи на улица “Прилепска“, пренесува Шења.

Од ЦУК додаваат дека жена и дете биле евакуирани во текот на вечерта, и дека за настаната ситуација се информирани надлежните органи.

Во општина Охрид, од речното корито се излеа реката Коселска, каде што беа поплавени некои куќи, додека во селото Косел преплавено е земјоделско земјиште.

Коронавирус