четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 82
home Општини

Обиколницата на Кавадарци, стратешки проект за кавадарчани

Обиколницата на Кавадарци, стратешки проект за кавадарчани

Обиколницата на Кавадарци, е стратешки проект за кавадарчани, рече денеска градоначалникот Митко Јанчев.

– Станува збор за стратешки проект што треба да се реализира заедно со Министерството за транспорт и врски, Владата и со Јавното претпријатие за патишта, кое мислам дека веќе го одобри. Заобиколницата ќе биде од селото Марена кон фабриката Дрекслмаер, Југокомерц, кон Катуниште. Тоа е многу сериозен  проект што ќе чини над осум милиони евра, но е неопходен за Кавадарци. Покрај големата индустрија и развојот на економијата, да ги тргнеме тешките теретни возила од самиот град, меѓутоа и голем бенефит ќе биде и за самиот граничен премин Мајден. За тој граничен премин меѓу Владата на Грција и премиерот Заев е потпишан договор и сега се прави сумирање на финансиската конструкција и барање на средства и која сума да се инвестира. За мене тоа е веќе завршена работа и е потребно само да се отпочне, нагласи Јанчев.

Од државата ќе се бара поддршка за реконструкција на фудбалското игралиште.

– И преку Вардарски плански регион добивме грант од Норвешка од 100.000 евра, еве да го официјализирам, за скејт парк. Ќе се гради во делот на спорткси центар „Јасмин”. Сто илјади евра добвивме и за изградба на винскиот музеј во винската куќа во градскиот парк. Во сабота ќе потпишуваме договори по мерки 321, 322,323, преку Агенција за рурален развој. Оттаму добивме 30 милиони денари за изградба на пешачка патека до Моклиште, средства за реконстуркција на водоводниот систем и атмосферска канализација од 20 милиони денари за село Сопот, а сега е во фаза на одобрување рехабилитација на патниот правец Конопиште-Михајлово. Ова сето ако го реализираме, а ќе го реализираме, ова не било никогаш за кавадарчани, додаде Јанчев.