сабота, 17. април 2021. Вести денес: 15
home Општини

Ново вработен без возачка управувал и уништил службено возило во ЦСР Прилеп

Ново вработен без возачка управувал и уништил службено возило во ЦСР Прилеп

Директорот, Дејан Тошески, кој инаку е кадар на Миле Талески, на јавноста и стана познат по срамното поставување на двојазична табла и пропагирањето на Агенција која се занимава со посредување за вработување на млади луѓе во Германија. Сега истиот тој Дејан Тошески, се обидува да сокрие скандал во кој целосно е уништено возило во сопственост на Центарот за социјална работа, ова денеска преку видео изјава го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

-Имено, еден од нововработените кои СДСМ и Тошески ги вдомија во оваа институција, пред неколку дена управувајќи без возачка дозвола со возилото марка Мазда, направил сообраќајна незгода кај населеното место Костинци, во општина Долнени.
Во незгодата, за која патем постои и записник направен од полициски службеници, возилото во сопственост на центарот е целосно уништено.
Бараме целосна одговорност за вработениот и за директорот на институцијата.
Тошески мора да поднесе оставка од функцијата, а за неговиот послушник да биде покрената итна дисциплинска постапка и да биде избркан од работното место.
Исто така, Тошески и неговиот послушник веднаш да ја надохнадат штетата и да набават ново возило за центарот со свои средства, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

Директорот, Дејан Тошески, кој инаку е кадар на Миле Талески, на јавноста и стана познат по срамното поставување на…

Gepostet von ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп am Donnerstag, 7. Mai 2020

 

Коронавирус