четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Општини

Ново ветување, без датум за границата Лојане, жителите разочарани од чекање

Ново ветување, без датум за границата Лојане, жителите разочарани од чекање

Доколку патувате од Лојане за Миратовци , оваа грутка земја ќе ви го пресече патот. Немањето граничен премин меѓу овие две села ги дели жителите кои се во многу блиски роднински врски, јавува репортерот на ТВ21.

По овој пат треба да поминете само 3км за да преминете од Македонија во Србија, но околу 9 илјади жители од двете села мораат да патуваат над 30км преку Табановце за да ги посетата своите блиски.

„Имаме пријателски врски, нема куќа каде што не е така. Вујковци, тетка ми, сестра ми се во Прешево, братучеди, ќерките на чичко ми, сите сме поврзани, меѓутоа границата не функционира. Не знам каде е проблемот, ниту кога ќе се реши, се надевам што поскоро, но не верувам, бидејќи многу пати ни кажаа, но нема решение“, вели жител на Лојане.

Толку се разочарани од неисполнетите ветувања, што не сакаа ниту да зборуваат пред камера.

„Во раце на лоповите е! Да беа тие вистинските, ќе се отвореше на време, ќе се заборевеше овој проблем, целосно е во раце на лоповите…“.

Некои дури не упатија кај “Старецот од селото“ да го прашаме кога ќе се отвори границата. (со црвено е во оригиналот)

Ветување за отворање на границата имаше и денеска, но повторно без прецизирање датум.

Вицепремиерот Бујар Османи се сретна со државниот секретар во МВР на Србија за да се договорат за отворање на граничниот премин за што се смета дека ќе се одвива во две фази.

„Првата фаза е привремена, за проток на луѓе со евентуалната импровизирана инфраструктура за да не траат долго подготовките за почетокот на граничниот премин, и втората фаза која е трајна, каде може да се премине кон меѓународен граничен премин со сите карактеристики на еден граничен премин, што подразбира проток на луѓе и стоки“, рече Османи.

Државниот секретар на МВР во Србија ја искористи можноста да каже дека ова се прави во духот на Малиот Шенген.

„Во духот на Малиот Шенген и олеснување на протокот на стоки, капитал и луѓе како и во правец на подобрување на животот на локалните жители, планираме да го отвориме овој граничен премин, се договоривме и го хармонизиравме текстот што ќе го усвоиме до крај на годинава“, рече Мирослав Миличковиќ.

Страните се договорија договорот да биде потпишан до средината на декември, а до крај на годината да се ратификува во парламентите на двете земји. Со усвојувањето, ќе започнат подготовките на терен, велат двајцата функционери.