среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 18
home Општини

Нови двајца здравствени работници позитивни на коронавирус во Кавадарци

Нови двајца здравствени работници позитивни на коронавирус во Кавадарци

Уште двајца здравствени работници од Кавадарци се позитивни на коронавирус. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Јовановски рече дека изминатите 24 часа во Тиквешијата регистрирани се нови 73 случаи позитивни на Ковид-19. Четириесет и девет од Кавадарци, 20 од Неготино, по два случаја во Росоман и во Демир Капија. Најмладиот новозаболен има 12, а најстариот има 75 години.

Јовановски кажа и дека со коронавирус починало уште едно лице од Неготино, на возраст од 66 години. (МИА)

Коронавирус