Организационата единица за паркови и зеленило при ЈП „Комуналец“ работи на хортикултурно уредување на дел од зелените површини во Кавадарци, каде треба да бидат засадени 2.500 темјанушки.
– Во оваа пролетна кампања на разубавување се вклучени три локации. Тоа се жардинерите пред старата стоковна куќа во центарот, кружниот тек кај автобуската станица, како и зелените површини во паркот на револуцијата, појаснуваат од Службата за информирање при кавадаречката локална самоуправа.
ЈП „Комуналец“ на овие три локации ќе ги засади овие темјанушки, кои ќе го култивираат и разубават овој дел на градот.