сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 40
home Општини

Нова механизација во кавадаречкото комунално претпријатие

Нова механизација во кавадаречкото комунално претпријатие

Нова машина обезбеди кавадаречкото комунално претпријатие, прва од повеќето кои се во годинешниот план за набавка на опрема. Се работи за скип ровокопач со приклучна механизација, со кој ќе се зголеми експедитивноста во работењето. Во наредните денови се очекуваат уште три машини, а вкупната инвестиција изнесува околу 350 илјади евра, пари од „Комуналец”.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска информираше дека сево ова е во согласност со најавите и планот и програмата за развој на Јавното претпријатие „Комуналец”.

Тоа значи дека работите кои порано ги вршеа други фирми, сега од почетокот на годината, ги спроведува ова претпријатие. Со тоа се крати времето за кое се завршуваат активностите, кои патем речено, чинат поефтино.

Директорот Ѓорѓи Поп Ицов изрази задоволство од новата механизација. Тој нагласи дека претпријатието  ќе продолжи со редовното и квалитетно завршување на комуналните обврски, кое наидува на позитивни коментари во јавноста.

Коронавирус