недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Општини

Нов проект, нов решен проблем во Кавадарци, Јанчев го решава проблемот со паркингот во општината

Нов проект, нов решен проблем во Кавадарци, Јанчев го решава проблемот со паркингот во општината

Општина Кавадарци преку специјализираната група на ЈП „Комуналец“ изврши обележување со хоризонтална патна сигнализација на новиот паркинг простор на улицата „Тиквешко востание“. На оваа локација се добиjа 17 нови паркинг места кои ќе овозможат дополнителен уреден простор на јавниот паркинг во строгото централно подрачје на Кавадарци.
Претходно општината на овој дел спроведе расчистување на терено, тампонирање, изградба на ограда, поставени се нови рабници и целосно се поплочи новата паркинг површина, објави на Фејсбук, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.