вторник, 21. август 2018. Вести денес: 115
home Општини

Нов асфалт на улицата „4 Јули“ во Кавадарци

Нов асфалт на улицата „4 Јули“ во Кавадарци

Нов асфалт доби улицата „4 Јули” во Кавадарци. Оперативата на фирмата „Инвест груп” денеска на оваа улица постави нова асфалтна подлога на вкупна површина од 1.200 квадратни метри, со дебелина од пет сантиметри.

Новиот асфалт се постави на потегот од спојот на улица „4 Јули“ со улицата „Илинденска“ до спојот со улицата „Љубашка“.

За реновирање на асфалтната подлога општината инвестираше 859.000 денари, пари од сметката на буџетот, наменети за комунална изградба, информираа од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

Според програмата за комунална изградба општина Кавадарци најпрвин преку Јавното претпријатие „Комуналец“ изврши комплетна замена на старата и дотраена бетонска канализациа со профил фи 150 милиметри, со нова ребраста цевка чиј профил изнесува фи 250 милиметри. Беа обновени вкупно 100 должни метри, со 12 пропратни приклучоци.

Со овој проект општината Кавадарци изврши целосна ревитализација на подземната и надземната инфраструктура на оваа улица, која се наоѓа во централното градско подрачје, соопштија од прес-службата на општината.