среда, 19. септември 2018. Вести денес: 0
home Општини

Нормализиран сообраќајот на патот Кавадарци – Неготино

Нормализиран сообраќајот на патот Кавадарци – Неготино

Сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Неготино од 20:15 часот е нормализиран во двата правци, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Поради сообраќајна несреќа што се случи попладнево помеѓу трактор и автомобил, сообраќајот најпрво беше во прекин во двата правци, а потоа се одвиваше наизменично по една сообраќајна лента.