сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 24
home Општини

Нодговорноста на локалната власт го стави Охрид на црната листа на загрозени подрачја на УНЕСКО

Нодговорноста на локалната власт го стави Охрид на црната листа на загрозени подрачја на УНЕСКО

Неодговорноста како на централната власт така и на локалните власти го доведе под знак прашање статутот на Охрид во УНЕСКО. Неодговорноста од страна на локалната власт предводена од СДСМ го доведе Охрид на црната листа на загрозени подрачја на УНЕСКО. На почетокот јануари кога треба да пристигне извештајот Охрид ќе се најде на црната листа на загрозени подрачја на УНЕСКО.

Градоначаниците кои не се справија со дивоградбите и нелегални објекти и кои негираат дека има дивоградби како Мерко во Струга по 30 години го доведоа статусот на Охрид под знак прашалник и можност целосно да се загуби статусот на светско заштитено природно и културно наследство
Дивоградбите во заштитената зона на охридско-струшкото крајбрежје, политика наместо заштита на културното наследство –беззаконието и негрижата не доведоа во ситуација Охрид од заштитено да влезе на црната листа на загрозени подрачја под заштита на УНЕСКО.

Дел од препораките на реактивната мисија на Светската организација за заштита на културното и природното наследство не се исполнети -признаваат и централната и локалната власт. Извештајот на УНЕСКО е готов и треба да биде јавно објавен во јануари. Но одговорност за неисполнување на препораките не чувствува ниту градоначалникот, а не гледа вина ниту кај централната власт.

Регистарот на дивоградби во Охрид покажува дека има 409 такви објекти. Георгиевски вели дали вкупно педесетина објекти се во заштитено подрачје кои наскоро ќе треба да се рушат. И додека Охрид ги пребројува дивоградбите Струшкиот градоначалник, крева раце од надлежноста за уривањ, а и убверува дека кај него нема ниту еден.

Државата имаше рок до февруари годинава да одговори позитивно на забелешките на УНЕСКО од состанокот во Баку годината претходно, а постигнатиот напредок требаше да се разгледува летово во Кина, но поради пандемијата тој не се одржа. Извештајот на УНЕСКО ќе биде објавен во јануари а земјава е на пат после 4 деции под капата на Унеско, единственото Унеско подрачје – да го смести во црната листа на загрозени подрачја.

Коронавирус