сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Нивото на Охридското езеро под дозволениот минимум

Нивото на Охридското езеро под дозволениот минимум

Состојбата со Охридското езеро сеуште критична,научната фела смета дека најголемата грешка е што водниот басен стана акумулација за производство на електична енергија . Спиркоски од Хидробиолошкиот институт потенцира дека со новите планови кои се во фаза на разработка се предвидува формирање на едно тело кое ќе управува со охридското езеро и кое ќе носи одлуки од страна на експерти за понатамошното искористување на ресурсите на езерото.

Од хидробиолошкиот институт велат дека треба да се изнајде модел кој ке ги опфати договорите помеѓу Македонија и Албанија кои треба да претрпат ревизија за понатамошно успешно управување со Охридското езеро.

Инаку нивото на Охридското езеро продолжува да опаѓа според денешните мерења тоа се наоѓа на 693,8 метри надморска височина што е за два сантиметри под дозволениот минимум.

Зголеменото користење на водните ресурси на Охридското Езеро предизвикува осцилации кои негативно влијааат по живиот и растителниот свет но доведуваат и до нарушување на објектите на самиот брег.

Коронавирус