понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 129
home Општини

Нивото на Охридско езеро со значителен раст

Нивото на Охридско езеро со значителен раст

Врнежните од дожд изминатиот период значајно ја подобрија хидролошката состојба во охридскиот регион. Нивото на Охридското Езеро постојано расте, така што според денешните мерења се наоѓа на 693.30 метри надоморска височина, што е на 20 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 метри, односно осум сантиметри под просекот за месец јануари.

Температурата на езерската вода измерена утрово е шест степени Целзиусови или еден степен под месечниот просек.

Неповолната хидролошка состојба предизвикана пред се од долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи есента придонесоа на крајот на ноември нивото на езерото да стигне дури до 693,09 м.н.в. или сантиметар под дозволениот минимум. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија