четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 161
home Општини

Николов со порака по поразот во Штип, на Јорданов му посака успешна работа

Николов со порака по поразот во Штип, на Јорданов му посака успешна работа

Градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов на денешната прес-конференција во неговиот кабинет се заблагодари на граѓаните, кои во декември 2020 му ја дадоа поддршката да биде градоначалник на Штип.

-Ми беше привилегија и со задоволство, максимален труд и залагање успеавме во овие девет месеци да направиме Штип да биде една општина во развој, еднаква за сите наши сограѓани, рече Николов.

Порача дека вчера на демократски и фер избори граѓаните го дадоа својот глас за Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Го дадоа својот глас за кандидатот, за којшто сметаат дека треба да ги води во наредните четири години. Му посакувам на новиот градоначалник успешна работа, на нашите сограѓани здравје и среќа во својот живот, рече Николов.

Коронавирус