сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Николоски од Гевгелија: Андон е човекот сo програма која ќе ги решава проблемите на гевгеличани, излезете на 31-ви октомври и дадете ја вашата поддршка за Сарамандов

Николоски од Гевгелија: Андон е човекот сo програма која ќе ги решава проблемите на гевгеличани, излезете на 31-ви октомври и дадете ја вашата поддршка за Сарамандов

Денес сме во посета на општина Гевгелија, да поразговараме со граѓаните во однос на претстојните избори на 31-ви октомври. Во Гевгелија дефинитивно ќе се случат промените. Всушност, резултатите во првиот круг тоа го покажуваат и сум убеден дека резултатите во вториот круг ќе бидат уште поубедливи за Андон Сарамандов и за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што промените во Гевгелија се извесни, изјави за медиумите, Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека во изминатите четири години за жал градот назадувал, преку 1500 луѓе ја напуштиле Гевгелија во овие четири години и дека целосно се отселија затоа што економски градот стагнира, а градоначалникот Сашо Поцков во тесен круг ги носел одлуките.

– Андон е човек којшто го знае градот, којшто ги знае луѓето кои живеат тука и ги знае нивните потреби и заедно со тимот што го има и со мнозинството кое ќе го има во рамки на советот, сум убеден дека ќе ги носат најдобрите одлуки за Гевгелија. Имаме програма којашто е јасна, концизна и која дава клучни одговори за клучните прашања. Но, овие избори не се избори само за Гевгелија, ова се избори за Македонија затоа што на овие избори референдумски одлучуваме дали Македонија ќе продолжи да назадува, да тоне во криминал и корупција и економски да уназадува, или ќе почне да се развива, посочи Николоски.

Тој додаде дека овие избори се избори – референдум за иднината на Македонија и затоа ги повикува гевгеличани на 31-ви октомври масовно да излезат и да гласаат бидејќи е потребна голема референдумска и масовна излезеност за да се случат промените во Македонија.

Коронавирус