вторник, 28. март 2023. Вести денес: 51
home Општини

Николоски: Битолските пензионери му веруваат на Коњановски

Николоски: Битолските пензионери му веруваат на Коњановски

Главно пензионерите се загрижени за актуелните случувања во Македонија ги мачат овие проблеми- финансиски и владеење на правото. Секако се загрижени и за пензиите кои што им се намалени за 1.000 денари заради лошата методологија на пресметка, изјави денеска од Битола потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ АЛександар Николоски.

-Знаете дека ВМРО ДПМНЕ кога е на власт работи во интерес на пензионерите, кога е СДСМ на власт се намалуваат пензиите а кога е ВМРО на власт растат пензиите, така што во следниот период после промената на владата очекуваме пензиите повторно да растат. Разговаравме и за она што им е битно во Битола и за аспектите кои што им се битни во Битола, што може да направи новиот градоначалник Тони Коњановски за да им помогне. Се на се, една корисна дискусија од која што очекувам позитивни рефлексии во следниот период, истакна Николоски.

loading...