петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Ни соседите не гласале за Сугарески, Јовчески со водство во Прилеп

Ни соседите не гласале за Сугарески, Јовчески со водство во Прилеп

Почнаа да пристигаат првите резултати од избирачките места. Според информациите до кои дојде Република во Прилеп кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески води пред ривалот од СДСМ, Горан Сугаревски.

Во село Чепигово 66 лица гласале за Јовчески, наспроти 37 за Сугаревски. За советничка листа пак 77 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 24 за СДСМ. Во избирачко место 1455 во градската населба Тризла 159 гласа се за Јовчески, 96 за Сугарески. Во Тризла 2 пак 210 наспроти 192 во корист на Јовчески. Во изборно место Рид 96 гласа се за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, 80 гласа за Сугарески.

Според информации од партиските штабови Сугарески губи од своите соседи. Во неговото избирачко место во предност е противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус