среда, 18. септември 2019. Вести денес: 74
home Општини

Невреме го зафати кумановско: Поплавени куќи и штети на земјоделските култури

Невреме го зафати кумановско: Поплавени куќи и штети на земјоделските култури

Невреме проследено со силен дожд, град, електрични празнења и силен ветер го зафати синоќа кумановското село Пчиња и предизвика штети на земјоделските култури, а поплавени се и семејни куќи, подрумски и помошни простории, информираа денеска жителите од селото.

Информацијата ја потврдија и од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, од каде посочија дека само еден жител пријавил штета, поплавени простории во семејна куќа.

Невремето предизвикало и штети на земјоделските култури.