понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 138
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи во охридско-преспанскиот регион

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи во охридско-преспанскиот регион

Нестабилно со пороен дожд и грмежи утринава е во Охридско-преспанскиот регион и во југоисточните делови од земјава.

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд до 8 часот има наврнато во Крива Паланка – 15 литри на метар квадратен, како и во Тетово – 11 литри на метар квадратен, Скопје 8 литри, Крушево 6 и Охрид и Виница четири литри на метар квадратен.

Облачното и значително посвежото време со засилен, повремено и силен северен ветер ќе се задржи и денеска. Ќе има врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови тие ќе бидат пообилни, локално поројни и проследени со грмежи. Максималната температура ќе достигне до 22 степена. Во Скопје максималната температура ќе достигне до 18 степен.

Промената на времето е резултат на продорот на значително постудена воздушна маса што од вчера попладне создаде услови за пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер во повеќе делови од државата особено во западните и северните делови.

Коронавирус