недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Општини

Неспособноста во општина Аеродром на виделина: Речиси еден месец паркинг стои раскопан, а машините не се помрднати (ФОТО)

Неспособноста во општина Аеродром на виделина: Речиси еден месец паркинг стои раскопан, а машините не се помрднати (ФОТО)

Жителите во Аеродром се повеќе од ден на ден се поразочарани од градоначалникот Златко Марин кој не мрднува со прст за жителите пред кого ветуваше „да дојде живот“ во Аеродром.

Доказ за неспособноста на Марин и општинските власти е паркингот во близина на основното училиште „Љубен Лапе“ кој е блокиран од 17 јуни годинава.

Паркингот кој се наоѓа пред градинката „Срничка“ во Аеродром не е во функција поради неспособноста на општината да го реконструира веќе речиси еден месец.

Градежните машини не се помрднати со прст, а жителите мака мачат со своите возила кои нема каде да ги паркираат, сведочат жителите кои живеат во близина на паркингот.

Тие вечат дека ова е уште еден доказ за неспособната власта предводена од СДСМ која очигледно не се разбудила од зимски сон иако е сезона на летни одмори.