сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Нешкоски: Сега е времето кога треба да се казни оваа тоталитарна власт, власт која како канцер го гризе општеството

Нешкоски: Сега е времето кога треба да се казни оваа тоталитарна власт, власт која како канцер го гризе општеството

Портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Тони Нешкоски, денеска на прес конференција најави дека предизборниот митинг за претставување на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова во Кавадарци ќе се одржи во среда.

-Веќе две години живееме во држава каде правото и правдата не се почитуваат. Секојдневно имаме прекршување на законските и уставни рамки на Република Македонија и за тоа никој не сноси одговорност. Сведоци сме како образовани млади луѓе, па и добро ситуирани семејства секојдневно се иселуваат во потрага на земја каде владее правото и каде корупцијата не е норма на секојдневното живеење, изјави Нешкоски кој додаде:

„Татковината не повикува! Сега е времето кога треба да се казни оваа тоталитарна власт, власт која како канцер го гризе општеството. Времето кога треба да ја зачуваме нашата татковина и да ја потврдиме Република Македонија. Единствената личност, која може да не води напред кон остварување на нашите цели е Проф. Гордана Силјановска Давкова. Токму затоа, ОК на ВМРО- ДМПНЕ Кавадарци ве поканува Вас, членовите, симпатизерите на ВМРО- ДПМНЕ и сите оние кои не се согласувате со политиките на оваа власт на Митинг , Среда во 20:30 часот на Градскиот Плоштад во Кавадарци, масовно да ја поддржиме идната претседателка на Република Македонија, Проф. Гордана Силјановска Давкова.“

Коронавирус