среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Општини

Непријатна миризба и чад во Тетово, запален смет на железничка станица

Непријатна миризба и чад во Тетово, запален смет на железничка станица

Запален смет во близина на тетовската железничка станица придонесе за ширење на непријатна миризба и чад вчеравечер низ Тетово.

Од тетовската противпожарна единица информираа дека е интервенирано на тоа место два пати во текот на денот.

-Станува збор за поголеми количини смет кој некој го складирал во близина на железничката станица во Тетово. Во текот на денот два пати сме интервенирале на тоа место. За жал, морам да констатирам дека овие пожари се поради намерно палење на оган со цел да се изгори дел од ѓубрето, истакна Ука Алити, командант на тетовската противпожарниа единица.

Пожарникарите во текот на денот интервенирале и на два пожари на сува трева и трништа, а синоќа и на пожар на автомобил во движење на автопатот Гостивар-Тетово.

Коронавирус