четврток, 13. август 2020. Вести денес: 108
Во живо

Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Општини

Непречено се одвива гласањето во Крива Паланка и Ранковце

Непречено се одвива гласањето во Крива Паланка и Ранковце

Навреме и без проблеми почна третиот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори во општините Крива Паланка и Ранковце на вкупно 60 избирачки места на кои своето избирачко право може да го остварат вкупно 19.975 граѓани, информираат од општинските изборни комисии.

Во Општина Крива Паланка право на глас имаат 16.965 граѓани, кои гласаат на вкупно 47 избирачки места, а на 13 избирачки места своето право на глас ќе можат да го остварат 3010 жители на Општина Ранковце.

На првиот ден од гласањето, понеделник, гласаа пет лица со КОВИД-19 од Крива Паланка, додека вчера гласаа 347 болни и изнемоштени лица од Крива Паланка и 72 од Општина Ранковце.

Вчера без проблеми се гласаше и на избирачкото место број 0942 во Одделението на казнено-поправна установа во Крива Паланка кадешто право на глас имаа седум затвореници.

Коронавирус