петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Општини

Нема празен кревет во штипскиот ковид центар, состојбата е загрижувачка

Нема празен кревет во штипскиот ковид центар, состојбата е загрижувачка

Пополнет е и последниот болнички кревет во штипскиот ковид центар.

Директорот на Клиничка болница во Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека доцна попладнево овој  центар е целосно исполнет со пациенти од источниот регион, кои бараат болнички третман.

-Побаравме дел од пациентите да се хоспитализираат во Кочанската болница, но таму капацитетот веќе се полни и имаат само неколку слободни места, вели Ѓеорѓијев.

Посочува дека притисокот за болнички третман е голем од пред четири дена, кога нагло се исполни ковид центарот.

Ѓеорѓијев за МИА вели дека веќе размислува да се обезбедат дополнителни места во други оддели, за што во текот на утрешниот ден и ќе информира.

На Инфективното, Анестезилогија и Кожното одделение се лекуваат околу 70 пациенти.

Коронавирус