петок, 3. јули 2020. Вести денес: 255
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Општини

Неисправна водата за пиење од локалниот водовод во село Дурачка Река, Кривопаланечко

Неисправна водата за пиење од локалниот водовод во село Дурачка Река, Кривопаланечко

Водата од локалниот водовод во село Дурачка Река, кај населбата до училиштето, не е безбедна за пиење и користење, се наведува во извештајот анализа на вода на Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Крива Паланкаизготвен од Јавна здравствена установа Центар за јавно здравје – Куманово.

-Според извештајот водата од земените мостри на 30 јануари 2020 година  од  водоводот во село Дурачка Река, населба кај школо, во однос на физичко-хемиската анализа не одговара на законските прописи за здравствена безбедност на вода, односно таа не е безбедна за пиење и користење поради зголемена матност. За да може истата да се користи потребно е да се изврши дезинфекција  и кондиционирање на водата од надлежен орган. Од тие причини се известува месното население што го користи овој водовод дека  е забрането понатамошно користење на водата се до нормализирање на квалитетот на истата, посочуваат од службата за информирање при локалната самоуправа на Општина Крива Паланка.

Оттаму известија и дека режискиот одбор и Месната заедница на село Дурачка Река треба час поскоро да стапат  во  контакт со Јавното комунално претпријатие Комуналец за справување со состојбата и подобрување на квалитетот на водата од наведениот водовод. (МИА)

Парламентарни избори 2020