четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 180
home Општини

Навремено почна гласањето во Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран

Навремено почна гласањето во Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран

Утрово, точно во 7 часот, беа отворени сите избирачки места во општините Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран каде на време почна гласањето од првиот круг на Претседателските избори.

Во општина Гевгелија право на глас имаат 19.242 граѓани евидентирани во гласачкиот список кои своето право ќе го остварат на 37 избирачки места.

Во општина Валандово својот глас за првиот претседател на Македонија денеска ќе може да го дадат 9.952 гласачи на 24 избирачки места, во општина Богданци ќе гласаат 6.765 граѓани на 12 избирачки места, додека во Дојран на осум избирачки места ќе гласаат 2.715 граѓани.

Од општинските изборни комиии потврдија дека гласачкиот процес почна и се одвива мирно и достоинствено.

Коронавирус