сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 91
home Општини

Навреме отворени сите избирачки места во Струга

Навреме отворени сите избирачки места во Струга
МИА

Сите 101 избирачко место во Општина Струга навреме се отворени, потврди за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

Гласањето според него, се одвива со проблеми создадени од апаратите за препознавање отпечаток од прст.

– Гласањето оди споро, имаме проблеми со апаратите за отпечаток од прст, не ги препознава во некои избирачки места, изјави Жута.

Во Избрирачкиот список во Општина Струга регистрирани се 61 437 гласачи, од кои околу 200 лица, стари, болни, изнемоштени или Ковид – позитивни своето право на глас го искористиле вчера.

Коронавирус