четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Општини

Наскоро ќе се воведе зонско паркирање во центарот на Гевгелија

Наскоро ќе се воведе зонско паркирање во центарот на Гевгелија

Најпрво во централното градско подрачје, а потоа и во другите градски зони и евентуално во поголемите населени места во општина Гевгелија, наскоро ќе се воведе зонско паркирање.

Во врска со проблемот за паркирање на возилата градоначалникот Сашо Поцков денеска потсети дека со одлука на поранешниот Совет на општина Гевгелија од 2016 година за определување на јавни паркиралишта и начинот за нивно одржување предвидено е зонското паркирање.

Поцков посочи дека оваа одлука како и многу други базични информации околу начинот за решавање на горливиот проблем во Гевгелија, исто така, ќе бидат земени во предвид при барањето решение за регулирање на паркирањето во централното градско подрачје.

– Изготвувањето на студијата за зонско паркирање во центарот на Гевгелија е во тек. По нејзиното завршување ќе распишеме тендер со што верувам и се надевам дека во најскоро време ќе имаме зонско паркирање во центарот на Гевгелија, изјави Поцков.

Студијата предвидува во проектот да биде вклучена и специјализирана куќа која ќе изработи софтвер со кој дигитално ќе се регулира зонското паркирање во Гевгелија.

МИА

Коронавирус