понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 174
home Општини

Најголемиот булевар во Кавадарци ќе добие нов лик

Најголемиот булевар во Кавадарци ќе добие нов лик

Општината Кавадарци преку ангажираната компанија „Бетон“ од Скопје, започна со ревитализација на уште една улица од проект за Реконструкција на главните улици.
Деновиве се работи на подготовка на теренот за завршната операција поставување на нов слој на асфалт, на делот од булеварот каде има најголеми оштетувања. Градежната оператива согласно проектот постави нови рабници на коловозот кај хотел ФЕ-НИ. По ова ќе уследи гребење на стариот асфалт и подготовка на коловозните ленти за завршното асфалтирање. Ревитализацијата на оваа улице е во склоп на проекот МСИП на Општината, Европската Унија и Светска Банка, објави на Фејсбук, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

 

Локални избори 2021