вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Општини

„Награда за животно дело“ за Славко Крстевски

„Награда за животно дело“ за Славко Крстевски

Советот на општина Демир Хисар денеска ќе му ја врачи наградата за животно дело на Славко Крстевски, писател, поет, драмски писател и актер, новинар и човек кој целиот животен и работен век го вложил за развој на образованието и културата во оваа општина.

– Вложувајќи го целиот свој труд и дарба за иднината на Демир Хисар, не уверува сите нас да си го сакаме родниот крај како волшебен простор на нашата татковина, се вели во образложението за наградата.

Свечената седница ќе се одржи денеска на пладне во дебатната сала на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар.

Досега Славко Крстевски ги има издадено романите „Битисување“, драмата „Невини, а осудени“ и „Крикови и Катарза“ – две поетски збирки.

МИА

 

Коронавирус