недела, 5. декември 2021. Вести денес: 71
home Општини

Надминати техничките проблеми: Во општина Карбинци тече гласањето

Надминати техничките проблеми: Во општина Карбинци тече гласањето

Во малата рурална општина Карбинци гласањето на седмите по ред Локални избори се одвива мирно и без проблеми. Претседателката на ОИК-Карбинци, Адриана Велинова вели дека утринава имале мали технички проблеми со апаратите за отпечаток од прст, но имаат ангажирано информатички инженер, кој веднаш ги решава проблемите на лице место.

-Изборниот ден во Општина Карбинци можеме да кажеме дека тече нормално, имаме 3.219 избирачи, во избирачкиот список и 16 избирачки места. Технички проблеми може да се каже дека на почетокот при стартување на уредите за биометриска идентификација и тоа на одреден број на избирачки места, но сето тоа е надминато, вели Велинова.

Во селото Радање, каде што гласаат жителите од ова село но и од селото Габер изборниот ден се одвва мирно. Мирјана Илиќ заменик претседател на избирачкиот одбор за селото Габер вели дека избирачкиот список имаат 25 граѓани со право на глас, до пладне гласале 12 граѓани или излезноста на ова место е речиси 50 отсто.

Жителите на селото Радање велат дека соживотот им е убав, а во него живеат Македонци и Јуруци. Се надеваат дека мирно ќе поминат изборите, каков што им е и соживотот.

Коронавирус