вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Општини

„На прав пат“- Се одржа трибина на СДСМ во Делчево со голем број гости од околните општини

„На прав пат“- Се одржа трибина на СДСМ во Делчево со голем број гости од околните општини

Синоќа во Спортската сала при СОУ “М.М. Брицо” во Делчево под мотото “На прав пат” се одржа партиска трибина на СДСМ.

На трибината говореа Горан Трајковски-актуелен Градоначалник на Општина Делчево, Мила Царовска- Министер за труд и социјална политика како и Зоран Китанов-Директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Она што беше забележливо околу спортската сала при гимназијата во Делчево е големиот број на патнички возила со регистарски таблички од околните градови во регионот како и од Скопје.

Во продолжени објавуваме повеќе фотографии кои сведочат за невообичаено големото присуство на патнички возила од други места за време на трибината на СДСМ во Делчево:

Инаку партиската трибина започна нешто после 20 часот, а говорниците секој од доменот на работата во нивните институции платени со парите на граѓаните ги афирмираа политиките на СДСМ.

Интересно е што пред присутната публика ниту еден од говорниците не спомна ништо за недобивањето на датумот за преговори со ЕУ за што дел од овие говорници јавно се залагаа пред граѓаните во екот на кампањата која ја спроведуваа за промена на името на државата и идентитетот на народот.

Извор: Брегалнички.мк