вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 49
home Општини

На барање на Јанчев се поплочува плоштадот во Кавадарци

На барање на Јанчев се поплочува плоштадот во Кавадарци

На иницијатива на градоначалникот Јанчев се реализираше комунален проект за поплочување на просторот од северната страна на Хотелот „Балкан“ на улицата „7-ми Септември“.

Се работи за површина од 250 метри квадратни која беше запуштена и несредена. Денеска ангажираната оператива заврши со градежните работи, по што и последниот запуштен простор на градскиот плоштад беше поплочен и урбанизиран.

Овој дел од плоштадот сега има плато во три нивоа, кое ќе биде опремено со урбана опрема и предадено на користење на граѓаните на општината.