среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Молк од Георгиески за спорната зграда: Дали се обидува да сокрие дека дивоградбата води кон потесното семејство на поранешен градоначалник и актуелна советничка?

Молк од Георгиески за спорната зграда: Дали се обидува да сокрие дека дивоградбата води кон потесното семејство на поранешен градоначалник и актуелна советничка?

1. Дали се работи за дивоградба?

2. Дали инспектори ќе излезат на терен?

3. Дали доколку се утврди дека е дивоградба, градоначалникот ќе ја руши истата?

Ова се прашањата кој на 30 Ноември ги испративме до општина Охрид, а во врска со кровот на зграда во близина на градскиот пазар кој станува нов спрат и дали тоа претставува нова дивоградба.

Но, и после три дена одговор од локалната власт не добивме.

Што се крие зад молкот на градоначалникот Константин Георгиески? Дали се обидува да сокрие дека дивоградбата води кон потесното семејство на поранешен градоначалник и актуелна советничка во Советот на општина Охрид од владеачкото мнозинство?

Овие прашања дополнително се отвораат од како охридската чаршија наголемо зборува за имињата на сопствениците на дивоградбата.

– Наместо тие да бидат пример за останатите сограѓани, тие се оние кои ги прекршуваат законите и ги користат бенефициите на функцијата, се дел од коментарите на јавноста.

Дали Георгиески ќе постапи по законите и ќе ја сруши дивоградбата или ќе премолчи останува да видиме? ОХРИД 24 и понатака ќе ја следи оваа тема и дополнително ќе ве известува.

Коронавирус