понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Општини

Младите во Бутел се разочарани: Велимир Смилевски не излажа дека ќе направи нов спортски центар

Младите во Бутел се разочарани: Велимир Смилевски не излажа дека ќе направи нов спортски центар

Младите од општина Бутел преку видео денеска ја искажаа својата разочараност од градоначалникот на нивната општина Велимир Смилевски.

-Спортски центар во Бутел е само едно од многуте неостварени ветувања на градоначалникот Велимир Смилевски.

Неговата изградба беше планирана до крајот на 2019 година а скоро цела година подоцна таа не е ниту започната.
Почитувани,

Младите нема да ги заборават манипулациите и лагите на СДС. Нив им се потребни стабилни партнери во општината кои ќе ги решаваат нивните проблеми, а не кои ќе ги создаваат. Затоа, младите од општина Бутел, Велимир Смилевски ќе го испратат во историјата како најнеуспешен градоначалник на територија на град Скопје!, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Коронавирус