вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 70
home Општини

Младеноски: Наместо 20% поевтини сметки за вода, прилепчани добија повисоки сметки за околу 60%

Младеноски: Наместо 20% поевтини сметки за вода, прилепчани добија повисоки сметки за околу 60%

Иако градоначалникот Илија Јованоски ветуваше намалување на сметките за вода од 20% во предизборната кампања, прилепчани овие денови сведочат за спротивното. СДСМ удира повторно по џебот на обичниот граѓанин кој на своја кожа го почувствува зголемувањето на сметките за водни услуги, истакна Иван Младеноски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Граѓаните се гневни и измамени затоа што поверуваа дека токму новата локална самоуправа предводена од СДСМ ќе си достои на својот збор и ветувањето кое го даде. За жал и на штета на сите прилепчани, со секој изминат ден се соголуваат ветувањата кои беа нафрлани без детална анализа, колку да се добија по некој дневнополитички поен. Она што на крајот од денот го интересира обичниот народ е есапот во секоја една куќа, кој со овие поголеми давачки воведени во време на СДСМ, го осиромашува и онака сиромашниот народ кој едвај врзува крај со крај. И наместо 20% поевтини сметки за вода, прилепчани добија повисоки сметки за околу 60%, рече тој и додаде:

„Градоначалниче, прилепчани ве гласаа за 20% поевтини сметки за вода, а не за вработувања и поставување на директори на вашите внуци, зетови, братучеди. Прилепчани ве гласаа за да ги реализирате предизборните проекти, а не да агитирате за смена на име, национално предавство и двојазичен Прилеп. Почитувани, досегашното владеење на СДСМ, како на централно, така и на локално ниво се покажа како крајно ненародно и дрско, кое освен што го влоши животниот стандард на секој еден, не донесе ништо корисно. Затоа мора што поскоро да заврши ова владеење. Затоа што граѓаните заслужуваат подобар живот и власт која ќе се бори за доброто на секој граѓанин!“.