среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 36
home Општини

Митре Милошевски: Моите проекти за Охрид ќе бидат остварливи, прецизни и поткрепени со финансиска конструкција

Митре Милошевски: Моите проекти за Охрид ќе бидат остварливи, прецизни и поткрепени со финансиска конструкција

Во вечерашната емисија „24 Анализа“ на ТВ 24 дебатираа четворица кандидати кои се трката за градоначалничката функција во Охрид. Кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, доктор неврохирург Митре Милошевски истакна дека времето на функцијата ќе биде многу кратко и затоа проектите мора да бидат остварливи, прецизни и поткрепени со финансиска конструкција. Само така ќе може да се убедат граѓаните дека се работи за вистинскиот човек за градоначалник на Охрид.

-Зад моите ветувања, зад она што јас го кажувам, зад моите проекти стои остварливост, чесност и мојот збор. Јас мојот збор не сум го погазил со ништо до сега. Времето на мојата работа како градоначалник ќе биде многу кратко, значи две години. Не е можно ние да се погледнеме во очи после две години, тука на истата маса, и вие да ми речете вие обеќавте, рековте, а не остваривте. Го чувствувам пулсот на народот и на градот, чувствувам кога сум им потребен, ми се чини дека сега сум најповеќе потребен. Затоа што навистина Охрид доживува една тешка стагнација во економскиот развој, за жал многу иселувања, во хигиената, во комуналната сфера, во секој смисол Охрид доживува еден пад и помислам ете можеби јас ќе бидам тој што може да му помогне со мојата работливост, чесност и посветеност, рече Милошевски.