недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 28
home Општини

Митот за пештерата „Коњска дупка” во село град, делчевско

Митот за пештерата „Коњска дупка” во село град, делчевско

Пештерата „Коњска дупка” во село Град е една од поубавите пештери во овој дел од државата.

Влезот на самата пештера е со голем елиптичен отвор со димензии 1,6/3.5 метри по што доаѓа поголем отвор-одаја за која се верува дека во минатото била монашка просторија во која претстојувале монаси.

Левиот тунелски отвор е со дијаметар од околу 80-тина cm и истиот е вертикален нагоре во пештерата, а движењето низ него е можно со специјална алпинистичка опрема. Не се знае за должината т.е. длабочината на двата отвори.

Од северната страна на пештерата постои втор нејзин отвор кон површината кој е делумно затрупан низ кој протекуваат атмосферски води кон внатрешноста на пештерата.

Со постоењето на оваа пештера се поврзани голем број на легенди и преданија како и народни верувања.

Еден од најзастапените митови за оваа пештера помеѓу локалното население е дека преку оваа пештереа некогаш постоел таен премин кон Бугарија преку кој чети и комити на ВМРО преминувале незабележано од отоманските власти низ овој предел.

По формирањето на административната граница по поделбата на етничка Македонија после Втората Балканска Војна, кај локалното население дополнително се подгреал овој мит затоа што пештерата се наоѓа токму во пограничниот регион, меѓу тогашна Вардарска Македонија и Бугарија.

Во предилинденскиот период оваа пештера била заточиште на монаси и свештени лица, за што сведочат исклесаните цртежи на централниот ѕид од пештерта, како и разни археолошки пронајдоци во тек на времето кои биле експлоатирани од таму од страна на диви копачи на злато.

Пештерата “Коњска дупка” се наоѓа во непосредна близина на Археолошкиот локалитет “Градиште”, што дополнително додава вредност на самиот локалитет во неговата репрезентативност и потенцијал за искористување во функција на туризмот и економскиот развој на ова место.

Со вистинска стратегија и многу мали инвестиции ова место може да прерасне во посакувана туристичка дестинација каде може да се видат восхитувачки сцени на природата и човечката креација на едно место.